Тони Симиќ од денеска е нов тренер на прволигашот Академија ФМП.
Станува збор за тренер кој своето прволигашко искуство го започна во екипата на Работнички, каде што помина и голем дел од својата играчка кариера.
„Пред се благодарност до управата на клубот за укажаната доверба, да бидам нов тренер на Навико Академија ФМП. Не чека доста работа во периодот кој следува и мислам дека овој тим има потенцијал за подобри резултати од моменталните, со одредени промени во играчкиот кадар. Оптимист сум како и секогаш, со напорна работа и максимална посветеност на сите во клубот, резултатите ќе дојдат сами по себе на крајот.“, истакнува Симиќ.
Тој изминатото лето во Измир, ја предводеше и јуниорската репрезентација на Македонија на Европскиот шампионат за играчи до 18 години .
Симиќ доаѓа на местото на досегашниот тренер Божиноски кој останува дел од клубот и од стручниот штаб.