Македонската репрезентативка Александра Стојановска со менува клубот и од Грција се сели во Шпанија.
Нашата најдобра кошаркарка за минатата година, се реши да направи промена, па од грчкиот прволигаш Гас Евникос, замина во шпанската второлигашка екипа Маристас Ла Коруња.
Стојановска беше еден од најдобрите играчи во екипата од Атина.
Во досегашниот дел од сезоната нашата искусна репрезентативка одигра 13.натпревари на кои во просек реализираше по 10.3 поени, имаше и по 4.7 скока и 2.6 асистенции за просечни 26.9 минути поминати на теренот.
Стојановска доаѓа во екипа која е во долниот дел од табелата во ЛФ2 лигата на Шпанија, во која од почетокот на сезоната е и уште едно наше репрезентативно име – Нена Трајчевска.