Македонската машка ракометна репрезентација е во Хрватска, каде ќе одигра два контролни натпревари како дел од подготовките за ново учество на Светското првенство.
По обработените подготовки во Маврово и Скопје, најдобрата машка ракометна репрезентација од денеска е во Пореч, каде ќе одигра два контролни натпревари.
На овие натпревари што се и последна контрола за избраниците на Кирил Лазаров, селекторот не ќе може да смета на тројца ракометари, кој останаа во Скопје.
Сепак во таборот на црвено-жолтите веруваат дека може да извлечат поволен резултат во вечерашниот дуел со реномираната домашна селекција на Хрватска.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска, на програмата е вечерва од 20:15 часот, термин во утре (сабота) ќе црвено-жолтите ќе го одиграат и мечот со Израел.
Потсетување дека нашата репрезентација ќе настапува во полскиот град Краков, каде во групната фаза за противници ќе ги имаат селекциите на, Норвешка, Холандија и Аргентина, редоследно на 13-ти, 15-ти и 17-ти јануари.