Македонската машка ракометна репрезентација е поразена од Хрватска, во првиот натпревар од „Кроација Купот“ што се одрекува во Пореч.
Во претпоследната контрола пред настапот на Светското првенство, македонските ракометари загубија од фаворизираната Хрватска со 40-34 полувреме 22-19.
Селекторот Кирил Лазаров, на овој меч не можеше да смета на искусните Филип Талески и Никола Митревски, но и без нив црвено-жолтите покажаа дека во оваа подмладена селекција има потенцијал.
Сигурно дека одбраната не беше на ново, за што говорат и големиот број на примени голови, но затоа во нападот се играше разноврсно.
Манасков со девет гола беше нашиот најефикасен играч, а само еден помалку (8) постигна Кузмановски, додека Јагуриновски придодаде четири гола.
Утревечер во истиот термин од 20:15 часот, македонските ракометари ќе го одиграат и вториот натпревар, а противник ќе биде Израел.
Воедно тоа ќе биде и последната контрола за црвено-жолтите пред настапот на Мундијалот.