Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на турнирот во Аделаида.
Српскиот тенисер многу потешко од очекуваното, го совлада Французинот Квентин Халис, кој е на 64-место на АТП листата.
Првиот сет Ѓоковиќ го доби во тај-бреј ги доби со 7:3 на поени, а во вториот се одиграа дванаесет гема, за на крајот Ѓоковиќ ја го добие сетот со 7:5.
Новак во четвртфиналето ќе игра против 18-от тенисер во светот, Канаѓанецот Денис Шаповалов, кој со 6-4, 6-3 го совлада Русинот Роман Сафиулин.