Екипата на Манчестер Сити забележа победа на гостувањето кај Лестер со 3-1 во последниот натпревар од 17 коло на Премиер лигата.
Норвежанецот, Халанд беше стрелец на вториот и третиот гол за „граѓаните“ (51 и 64.минута) откако во финишот на првиот дел Родри го постигна првиот.
Почесниот за домаќините го постигна Холанѓанецот, Страјк (73).
Со оваа победа Сити се врати на 2.место на табелата со 35 бодови, пет помалку од лидерот Арсенал.
На последниот дел од оваа година Манчестер Сити ќе го одигра дуелот против Евертон.