Во Англија се играат натпреварите од ЕФЛ Купот, каде на програмата се дуелите од осминафиналето.
Екипата на Манчестер Јунајтед со победа над Барнли со 2-0, обезбеди пласман во следната рунда.
Стрелци на головите беа Ериксен во 27-та и Рашфорд во 57.минута.
Во редовите на Барнли, во 63.минута во игра влезе македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој четири минути подоцна имаше голема можност да за запише во листата на стрелците, но не успеа да го погоди голот на домашниот тим.
Пласман во четвртфиналето обезбедија и Нотингем Форест кој со 4-1 го совлада Блекбурн, како и Чарлтон кој направи изненадување и по пенали (4-3) го исфрли премиерлигашот Брајтон.
Последниот патник во четвртфиналето ќе го дознаеме вечерва откако својот меч ќе го одиграат Манчестер Сити – Ливерпул дуел што започнува од 21 часот.