Најголемиот спортски настан годинава Светското фудбалско првенство во Катар доаѓа до самиот крај. Останува да се одигра само уште финалниот натпревар во актуелниос шампион Франција за противник ќе ја има а Аргентина предводена од Лионел Меси.
двете земји ќе се обидат да стигнат до третото одличје во својата историја.
Франција ќе го игра своето четврто финале. „Триколорите“ првиот трофеј го освоија на домашен терен во Париз 1998 година, како и пред четири години на Мундијалот во Русија.
Доколку Франција успее да победи во финалето, ќе стане само третата земја по Италија и Бразил која успеала да го одбрани шампионскиот трон.
Аргентинците кои последен пат играа во фудбалот на Мундијалот во Бразил, 2014-тата, сега во Катар ќе атакуваат исто така на третата шампионска титула.
„Гаучосите“ предводени од Лионел Меси ќе се обидат да стават крај на постот од дури 36 години во кои се немаат израдувано на светската круна.
И Аргентинците како и Французите својата прва шампионска титула ја освои пред својата публика во 1978 година кога во Буенос Аирес по продолженијата ја победија Холандија, за осум години подоцна (1986 година) во Мексико предводени од Марадона да стигнат до вториот трофеј совладувајќи ја тогаш Западна Германија.
Потсетување дека рекордер по бројот на титули е Бразил со пет трофеи, а кој следуваат Германија и Италија со по четири трофеи.