Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува поширокиот списокот на ракометари кои ќе конкурираат за место во тимот што ќе настапи на Светското првенство во Полска и Шведска што ќе се одржува од 11 до 29 јануари следната година.
Во списокот на селекторот се најдоа 23 ракометари, од кои само тројца се интернационалци, а останатите 20-мина доаѓаат од домашното првенство.
Првата прозивка, Ларазов ја закажа за 20 декември (вторник) во 11:30 часот, во хотел „Александар Палас во Скопје“.
Потсетување дека нашата селекција ќе настапува во групата Ф, чиј домаќин ќе биде полскиот град Краков, а за противници ќе ги има селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија редоследно на 13-ти, 15-ти и 17-ти јануари (2023 година).
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО – ГРУПА „Д“
1.коло МАКЕДОНИЈА – Норвешка 20:30 часот.
2.коло МАКЕДОНИЈА – Холандија 18:00 часот
3.коло МАКЕДОНИЈА – Аргентина 18:00 часот.