Три од петте натпревар од донесоа голема неизвесност, а на два од нив победникот беше решен по дополнителните пет минути. 

Во Белград. Локалното дерби им припадна на кошаркарите на Црвена Звезда кои со тројката на Недовиќ на 2 секунди пред крајот го добија Партизан со 76-73, за пета победа во низа во елитното натпреварување. 

Реал Мадрид прокоцка победа во дуелот со Монако. Иако „Кралевите“ 4,4.секунди до крајот имаа 4 поени предност сепак Мајк Џејмс со тројка и дополнително слободно, се избори за продолжение во кое францускиот тим имаше повеќе нерви и концентрација, па на крајот славеше со 95-94.

И во Атина слична приказна, но таму со среќен крај за домаќините. Панатинаикос надополни седум негатива во финишот на мечот со Олимпија Милано, а по продолжението славеше и победа со 13 разлика 90-77. 

Очекувани и тоа убедливи победи забележаа Фенербахче на гостувањето во Берлин кај Алба со 104-75, односно Макаби кој во Тел Авив славеше над Валенсија со 84-68. 

Вечерва на програмата се преостанатите четири средби со кои ќе биде заокружена 12-тата рунда. 

ЖАЛГИРИС – АНАДОЛУ ЕФЕС 19:00 ч.
ОЛИМПИЈАКОС – ВИРТУС БОЛОЊА 20:00 ч.
БАРСЕЛОНА – ЛИОН ВИЛЕРБАН 20:30 ч.
БАСКОНИЈА – БАЕРН М. 20:30 ч.