Трите прворангирани екипи во Евролигата забележаа победи во натпреварите од 10.коло
Лидерот на табела Фенербахче славеше на гостувањето во Милано кај Армани со 82-72.
Олимпијакос и Реал кои се на втората и третата позиција играа пред домашната публика.
Во Атина, Олимпијакос ја победи берлинска Алба со 86-76, додека во Мадрид, Реал беше подобар од белградски Партизан со 105-97, натпревар на кој беше поставен и рекорд во евролигата. Имено првата четвртина заврши со резултат 40-32 за гостите, а вкупно постигнатите вкупно 72 поени се рекордни во воведната четвртина на еден натпревар во Евролигата.
Најнеизвесниот натпревар се одигра во Белград каде Црвена Звезда го победи Макаби со 69-68, иако гостите го имаа последниот напад за победа.
Денеска на програмата се преостанатите пет натпревари од оваа 10-та рунда, а двојките се:
МОНАКО – БАЕРН МИНХЕН 19:00 часот
ПАНАТИНАИКОС – ЛИОН ВИЛЕРБАН 20:00
БАРСЕЛОНА – БАСКОНИЈА 20:30
ВИРТУС БОЛОЊА – АНАДОЛУ ЕФЕС 20:30
ВАЛЕНСИЈА – ЖАЛГИРИС 20:45