Ракометарите на Вардар со победата 33:28 во полуфиналето против Алкалоид изборија пласман во финалето на Купот на Македонија и на тој начин ќе имаат прилика да го бранат трофејот освоен минатата година. „Црвено-црните“ во финалето ќе играат против Охрид, кој во првиот дуел од полуфиналната програма го совлада Еурофарм Пелистер со 26:19.
Второто полуфинале подобро го почна Алкалоид и поведе со 5:2, а по 7:6 за Алкалоид на сцена стапија ракометарите на Вардар. Со серија од 6-1 „црвено-црните“ поведоа со 12:8, а во финишот на првиот дел Алкалоид намали на еден негатива и на полувреме беше 18:16 за Вардар.
На почетокот на вториот дел Вардар имаше уште една серија од 6-1 што се покажа како решавачко и по водството од 24:17 прашањето на победникот беше решено. Во 45.минута избраниците на Иван Чупиќ стигнаа и до +10 (29:19), додека Алкалоид успеа да го ублажи поразот. Јака Малус од Вардар со 9 голови беше најефикасен на дуелот.
За тимот на хендикеп проблем се повредените играчи, а на овој натпревар не настапи и Марко Митев, кој се повреди на последниот дуел од првенството против Еурофарм Пелистер.
Финалето меѓу Охрид и Вардар се игра во недела со почеток од 20 часот, додека од 17 часот на програмата е женското финале. Утре на програмата се женските полуфинални натпревари: Пелистер 2012 – Ѓорче Петров и Спартак – Чаир.


































