Женското одбојкарско првенство на Македонија влегува во најинтересната, завршна, фаза. Денеска на програмата се првите натпревари од полуфиналето.

Актуелниот шампион, тимот на Јанта волеј ќе има тешка задача да го одбрани трофејот. Скопската екипа ја чекаат дуели со Наковски волеј. Струмичанки сезонава покажаа најмногу, но останаа вез трофејот во Купот, па сега ќе атакуваат на шампионскиот. Тие ќе ја имаат и предноста на домашниот терен, а првиот меч вечерва ќе го играат во терминот од 18 часот.

Половина час порано (18.30) во Штип, својата полуфинална пресметка ја почнуваат Младост УГД и Работнички. И штипјанки во завршницата од сезоната покажаа дека се во одлична форма, по ќе ја имаат благата улога на фаворит. Сепак тимот на Работнички кој е најтрофеен, никогаш не смее да се потцени. Скопската екипа многупати досега покажала дека може да одигра фантастично кога е најпотребно.

Полуфиналната серија се игра во два добиени меча.

ПЛЕЈ-ОФ 1/2 ФИНАЛЕ

петок – 17 април
18.30 МЛАДОСТ УГД – РАБОТНИЧКИ
19.00 НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ЈАНТА ВОЛЕЈ