Во пресрет на последниот вечерашен натпревар пред својата публика, против ПСЖ, битолчани повторно застанаа зад РК Еурофарм Пелистер.
,,Платформата за ракометна Битола“ меѓу ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и Општина Битола е продолжена. Градоначалникот на Тони Коњановски, и претседателот на клубот Зоран Стерјев ставија потпис на продолжувањето на соработката.
Во информацијата објавена од македонскиот ракометен шампион се вели:
Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“.
Aкционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и претседателот на клубот и на компанијата Еурофарм, Зоран Стерјев во автентичен сегмент во спортската сала „Боро Чурлевски“ ставија потпис на третиот договор во рамките на оваа платформа.
Со оглед на тоа што стариот договор е на истек со завршувањето на оваа сезона, акционерите обезбедија сигурна иднина, стабилен буџет и компетитивен тим.
Претставниците на акционерите изразија задоволство од овој договор и испратија пораки на победи и титули на армијата навивачи на Еурофарм Пелистер.
Потсетување дека вечерва, 20.45 часот, еурофарм пелистер го игра последниот натпревар пред домашна публика во лигата на шампионите. Гостувал францускиот гигант Париз Сен Жермен.

































