Борбата за опстанок во Првата лига дополнително ќе станува интересна, откако денеска Тиквеш и Македонија Ѓорче Петров впишаа победи.

Во натпреварите од 21.коло одиграни во Гостивар и Скопје, Тиквеш и Македонија ЃП беа подобри од Арсими и Работнички.

Кавадаречки Тиквеш многу полесно од очекуваното стигна до трите бода на гостувањето во Гостивар. Таму Тиквеш победи со убедливи 0-5.

Во Ѓорче Петров пак, екипата на Македонија очекувано славеше во дуелот со отпишаниот Работнички и тоа со 3-1.

Сега Тиквеш го прескокна Арсими (26) на табелата, со бод повеќе (27) колку што има и седмо пласираат Брера.

Тимот на Македонија ЃП е веднаш зад Арсими, деветти со 23 бодови три повеќе од битолски Пелистер.

ПРВА ЛИГА – 21 КОЛО

среда 04.03
АРСИМИ – ТИКВЕШ 0-5
МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ. 3-1
четврток 05.03

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 14 часот
ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС 16 часот
вторник 03.03
БРЕРА СТРУМИЦА – СТРУГА Т.Л. 0-0
ШКУПИ – БАШКИМИ 0-2