Македонската женска кошаркарска селекција ја чекаат нови натпревари во квалификациите за Евробаскетот во 2027 година.
Селекторот Александар Ашаданов, го објави поширокиот список на кошаркарки за претстојните три натпревари. Во периодот од 11. до 17. март, нашите најдобри кошаркарки ќе одиграат три натпревари, против Данска, Грција и Хрватска.
Согласно со планираните активности, нашите најдобри кошаркарки ќе тренираат во Скопје. Собирот е закажан за 7. март (сабота) со почеток во 18.30. часот, во салата „Градски парк“ во Скопје. Во вториот дел од квалификациите од групата „Ф“, сениорките ќе одиграат два натпревари на гостински терен (Данска и Грција), и дома против Хрватска.
На овие натпревари македонија ќе биде без досегашната капитенка Анџелика Митрашиновиќ која неодамна стави крај на кариерата.
Список на повикани кошаркарки
Илина Селцова – Серко Уни Ѓер-УнгаријаМерит Хемпе – Сарагоса-ШпанијаАлександра Стојановска – Неа Јониа-ГрцијаМатеа Николиќ – Баскет Алкамо-ИталијаТијана Митрева – Баскет Алкамо-ИталијаАња Начевска – Мега-СрбијаИвана Кметовска – Баскет КамЦветанка Димова – Баскет КамКатерина Поп Димитровска – Баскет КамСања Адамовска – Баскет КамМарија Николов – Бадел 1862Јована Петрушевска – Бадел 1862Ива Чолакоска – Бадел 1862Елена Тасевска – ВардарМилица Николиќ – ВардарТеа Трајковска – ВардарЈана Пислевска – ВардарМихаела Алексовска – Крива ПаланкаДора Алексова – МЗТ Бела вода
Распоред на натпреварите
11.03.2026: Данска – Македонија
14.03.2026: Грција – Македонија
17.03.2026: Македонија – Хрватска



































