Само три натпревари ноќеска беа одиграни во НБА лигата.
Во Сан Франциско, тиот на Лос Анџелес Лејкерс славе-е победа над Голден Стејт со 101-129.
Лука Дончлиќ го прослави својот 27-ми роденден како прв стрелец на натпреварот. Словенецот заврши со е 26 поени, осум асистенции и шест скока. Ток имаше и поддршка од Леброн Џејмс кому му недостасуваше едно успешно додавање за двоен ефект. Леброн заврши со 22 поени, 9 асистенции и седум скока.
Во тимот на Голден Стејт ги немаше повредените Стеф Кари кој го пропушти десеттиот натпревар во низа, и новото засилување Летонецот, Порзингис, поради повреди.
Торонто очекувано славеше победа на гостувањето кај Вашингтон со 125-134, а успешната вечер на гостите ја закружи Њу Орлеанс кој беше подобар од Јута исто така на гости со 105-115.


































