Четири нови натпревари ќе се одиграа денеска во рамките од 20.коло на машката ракометна Супер лига.
Фаворитите кои се борат за највисок пласман на ќе имаат гостински натпревари. Актуелниот првак Еурофарм Пелистер ќе гостува кај фенерџијата и последнопласиран тим на табелата Радовиш. Овој натпревар ќе почне во терминот од 17 часот.
Половина час подоцна (17.30) во Битола кај вториот состав на пелистерци гостува Алкалоид.
Во другите два натпревари. Пролет ќе го пречека составот на Струга, а во Прилеп кај истоимената екипа ќе гостува кавадаречки Тиквеш.
Вчера, своите обврски во оваа рунда ги завршија Вардар и Охрид. Тие забележаа победи на гостински терен и се на првите две позиции на табелата.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 20 КОЛО
Среда 11 февруари
17.00 РАДОВИШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
17.30 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – АЛКАЛОИД
19.00 ПРОЛЕТ – СТРУГА
19.30 ПРИЛЕП – ТИКВЕШ
Вторник 10 февруари
БУТЕЛ – ВАРДАР 23-34
КУМАНОВО – ОХРИД 14-30


































