Подгответе се за ракометен спектакл бидејќи Европското првенство 2026 влегува во својата завершница.
По неколку недели исполнети со врвен ракомет, борбата за европскиот трон ќе биде во арена „Јиске Банк Боксен“ во данскиот град Хернинг, каде денеска на програмата се двата полуфинални дуели кои ветуваат драма до последната секунда.
Програмата започнува во 17:45 часот со судирот меѓу Хрватска и Германија. Хрватите, кои по шестгодишна пауза се враќаат во борба за медал, ќе се обидат со својата препознатлива цврста одбрана да го сопрат налетот на германската машина која во четвртфиналето приреди сензација елиминирајќи ја силната Франција.
Во вечерниот термин од 20:30 часот, дуелот во кој домаќинот Данска ќе ги одмери силите со најголемото изненадување на турнирот Исланд.
Додека Данците ја носат улогата на апсолутни фаворити пред својата публика, „рибарите“ од Исланд се надеваат на своето прво финале по цели 16 години.
Ова е првенство на големи пресврти каде фаворитите паѓаа еден по еден, па затоа вечерва не очекувајте ништо помалку од бескомпромисна борба на теренот. Останаа уште четири чекори до златниот медал, а патот до вечноста минува низ пеколот во Хернинг.


































