Eвропа ќе добие нов ракометен шампион. Познати се четирите селекции кои ќе се борат за медалите, односно ќе играат во полуфиналето.

Меѓу нив го нема актуелниот европски првак Франција. Триколорите во последниот натпревар од главната фаза по групи, вечерва се поразени од Германија со 34:38. Така Германците им се приклучија на актуелните олимписки светски шампиони Данците, како двете најдобро рангирани од првата група, кои ќе играат во полуфиналето. Данците вечерва треба да го одиграат својот натпревар против Норвешка, а со победа ќе го потврдат првото место.

Шанса за медал ќе имаат и Хрватите. Популарните “каубои“ во натпреварот од групата 2, со пресврт во вториот дел, успеаја да ја совладаат Унгарија со 27:25. Со овој триумф Хрватска го потврди 1.место во групата, пред Исланд кој денеска беше подобар од Словенија и заврши како второ рангиран.

Ако оди според планот и Данците вечерва ја победат Норвешка, тогаш Хрватите во полуфинален би играле против Германија, додека вториот полуфинален пар ќе го сочинуваат Данска и Исланд.

Следете нé на социјалните мрежи