Второто коло главната рунда на Европското првенство во ракомет донесе возбудливи натпревари и дополнителна неизвесност во борбата за полуфиналето.

Словенија ја совлада Унгарија со 35:32 во динамичен меч исполнет со брзи контри и прецизни удари, со што ја потврди својата амбиција за висок пласман.

Големо изненадување направи Исланд кој беше уште поубедлив и ја надигра фаворизираната Шведска со 35:27.

Во последниот дуел, Хрватска ја совлада Швајцарија со 28:24 и остана во трка за првите две позиции.

Сега четири селекции имаат по четири бодови и секој нареден меч , а остануваат уште две кола, ќе бидат исклучително важни за пласманот во полуфиналето.

Табела: Исланд 4 бодови, Шведаска 4, Словенија, Хрватска 4, Унгарија 1 и Швајцарија 1.

Следете нé на социјалните мрежи