Само три натпревари ноќеска се играа во НБА купот, а дербито беше во Лос Анџелес. Таму се сретнаа градските ривали Лејкерси и Клиперси.

На победа се радуваа кошаркарите на Лејкерси со убедливи 135-118. И овојпат Лука Дончиќ беше играч на натпреварот. На Словенецот му недостасуваше еден скок да оствари троен ефект. Лука натпреварот го заврши со 43 поени, 13 асистенции и девет скока. Ова е 51-виот натпревар во кариерата кој Динчиќ го завршува со +40 поени. 

Остин Ривс имаше 31 поен и девет скока, а Леброн Џејмс додаде 25 поени во петтата последователна победа на Лос Анџелес Лејкерс.

Си Џеј Меколум постигна 46 поени од кои 10 тројки, во победата на Вашингтон со 132-113 над Атланта Хокс.

Меколум промаши само три пати во обидите за тројка и заврши само три поени помалку од својот најдобар рекорд во кариерата.

Алекс Сар додаде 27 поени и 11 скока за Визардс (2-15), кои ја прекинаа серијата од 14 порази – два помалку од неславниот рекорд на тимот. 

Во последниот натпревар, Орланодо ја спаси честа на гостите со победата кај Филаделфија 103-144.

Ентони Блек постигна 31 поен што е негов рекорд во кариерата, а Германецот, Франц Вагнер додаде 21 поен,