Ива Божиновска е второто засилување за тимот на Металург Автокоманда во пресрет на новата сезона.
По две успешни години во редовите на Ѓорче Петров, во кои освои две последователни двојни круни, Ива ќе го напушти клубот и ќе се пресели во Автокоманда. Божиновска игра на позицијата лев и среден бек.
Пред да заигра за Ѓорче таа четири сезони го носеше дресот на Металург, а во својата кариера има настапувано и за Пелистер и Вардар Јуниор.
Претходно Металург се засили со левото крило Анастасија Николовска која исто дојде од тимот на Ѓорче Петров.
Екипата на Металург Автокоманда ја заврши сезоната на второто место во Женската Супер лига, со што избори пласман во европските натпреварувања за наредната сезона.
Ивона Кимовска