И по 30-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, екипите на Шкендија и Силекс ја продолжуваат мртвата трка за шампионскиот трофеј.
Ова откако двата тима освоија само по еден бод, на гостински терен, во дерби дуелите со Струга Трим Лум и Работнички.
Шампионот Струга Трум Лум и лидерот на табелата тетовска Шкендија одиграа без победник 1-1 против
Тврд натпревар во кој двата тима повеќе размислуваа за својот отколку за противничкиот гол. Повеќе од играта во првиот дел имаа тетовци, но не успеаја да го загрозат голот на стружани. Затоа пак, на стартот на вториот дел (49), убавиот индивидуален потег на Спировски им донесе водство на домаќините од 1-0. Тетовци долго се обидуваа и мачеа да стигнат до израмнување,. Тоа им успеа во 81.минута кога Љатифи ја искористи заспаноста на домашната одбрана по корнерот на Ибраими, за конечни 1-1.
И на натпреварот на „Тодор Проевски“ во Скопје иста слика. Работнички и Силекс играа релативно отворено, но и многу внимателно да не примат гол. Епилог е по еден освоен бод за двете екипи, во натпреварот во кој немаше голови.

Во борбата за избегнување на 10.место што води во баражот за опстанок Беса ја победни струмичка АП Брера со 2-1.
Домаќините поведоа преку Незири во 12-тата минута. Гостите поточно Ндзенгуе, имаше идеална шанса веднаш да израмни, но иако беше изби сам пред домашниот гол не успеа да го погоди. Струмичани стигнаа до израмнување во 70-тата минута со убавиот гол на Ѓоргиевски. Сепак екипата на Беса беше решена да победи. Ново водство (2-1) и донесе Влатко Стојановски во 72-рата минута. Тоа подоцна се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Иако за денеска беше предвиден и дуелот Гостивар – Пелистер сепак тој не се одигра, бидејќи синоќа гостиварци се откажаа од понатамошниот тек на натпреварувањето. Така битолчани, но и кавадарчани Тиквеш впишаа по три бода, откако и Воска спорт ја напушти Првата лига.
Потсетување дека вчера Вардар како гостин славеше кај Шкупи.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































