Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас со асистенција стави крај на денешниот натпревар помеѓу Наполи и Аталанта.
На стадионот „Диего Армандо Марадона“, по неколку шанси во првото полувреме конечно беше постигнат гол во 60 минута кога на грузискиот репрезентативец Кварацкелија на кој му асистираше најдобриот голгетер во Серија А, Осимен.
Наполи доминираше на натпреварот со далеку повеќе шутеви од противникот.
Во 66-тата минута во игра влезе и македонскиот „дијамант“ Елмас и по неполни 10 минути го асистираше на Рамадани за воддство од 2-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
Со оваа победа Наполи кој е на првата позиција на табелата сега има 18 бода предност во однос на вториот Интер, па Наполитанците сигурно чекорат кон „Скудето“.