Вечерашната НБА програма започна со дуелот во Бостон каде домашните Селтикс го совладаа Денвер Нагетс со 110:103.
Бостон Селтикс имаше водство речиси цел натпревар, а Денвер успеа само накратко да поведе во почетните минути.
На крајот од втората и почетокот на третата четвртина, предноста на актуелниот шампион беше +20. Сепак Денвер, во финишот успеа да намали разликата на само три поени. Но, Јокиќ и соиграчите немаа сили да го свртат натпреварот во своја полза.
Џејлен Браун беше најефикасен кај победничкиот тим со 22 поени и 8 асистенции, а Хорфорд постигна 19 со осум скока. Џејсон Тејтум оствари дабл-дабл ефект со 16 поени, 11 скока, на кои додаде и седум асистенции.
Кај Денвер, Никола Јокиќ беше блиску до трипл-дабл, за што му фалеше една асистенција. Србинот заврши со 20 поени, 14 скока и 9 асистенции. Мареј постигна 26, а Браун 24 поени.
Така Бостон четврти пат сезонава беше подобар од Денвер, а по два последователни порази, Селтикс стигна до 43-та победа, со која се зацврсти на 2.место во Источната конференција, зад Кливленд.
Денвер го претрпе 22-от пораз во 61 одигран натпревар, со што Лејкерс и Мемфис имаат можност да ги симнат од тронот од второто место на Западот.