Академијата при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е во очајна состојба. Денеска од федерацијата со кратко видео, барем приближно, ја доловија сликата.
Новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ при неговата инаугурација најави дека грижата за младите македонски фудбалски таленти е високо на неговата агенда.
Тој и неговиот тим ќе имаат тешка задача за тоа. Првенствено ќе треба да ги вратат условите во кои треба да се градат идните „ѕвезди“.
Во пратката објава на социјалните мрежи од ФФМ порачаа.
„Вистината е важна.за тоа.
Погледнете ја затекнатата состојба во Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Секој млад фудбалер заслужува средина која го негува неговиот талент и ја почитува нивната посветеност.
Да не дозволиме лошите услови да ги задушат соништата на младите фудбалери уште пред да имаат шанса да блеснат.
Наскоро… промените ќе зборуваат сами за себе .