Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, согласно даденото ветување на претседателот Масар Омерагиќ, донесе одлука за зголемување на таксата (надоместок) за судии и контролори.
Така судиите и контролорите ќе имаат од 40 до 100 проценти поголеми приходи.
„40 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва МФЛ, Втора МФЛ, сите младински категории (младинци, кадети, пионери, помали пионери, петлиња, помали петлиња), женски младински категории (младински и кадетки);
60 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Супер лига – младинци и кадети.
100 проценти е зголемена таксата за судии и конторлори за натпреварувањата во Прва и Втора футсал лига и женска Прва и Втора лига.
Ова е само прва фаза од најавеното зголемување за судиите и контролорите. Претседателот на Комисијата за натпревари, Игор Франговски во следната фаза ќе даде предлог за зголемување на таксата (надоместокот) и за делегатите на натпреварите од МФЛ.
Управниот одбор воедно донесе одлука за укинување на забраната за присуство на публика на натпреварите од северниот регион во Детска лига. Тренерите на тимовите, учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување.
Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции најавуваат од ФФМ
„Исто така, повикуваме, сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој. Приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина.“