Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот на турнирот „Трофеј Карпати“ во Клуж.
Нашите ракометарки се поразени од домашната селекција на Романија со 36-25.
Избраничките на селекторот Грчевски беа рамноправи само во воведните 3-4 минути, кога имаа негатива од еден гол. Потоа домаќинките ја презедоа контролата над играта и полека ја зголемуваа предноста. Првиот дел Романките го добија со 4 разлика (16-12), а на крајот славеа со +9 (36-25).
Со по шест постигнати голови, Јована Кипријановска и Ивана Гакидова беа нашите најефикасни ракометари. Јована Мицевска натпреварот го заврши со 11 успешни одбрани.
Утре (сабота 13.30 часот) македонските ракометарки ќе играат против Словачка, а в недела (11.30 ч.) е дуелот со Швајцарија.
Овие натпревари се дел од подготовките за ЕП на кое Македонија ќе настапат во групата „А“ во Дебрецен.