Во Врњачка Бања, Србија, се одржува Балканското младинско првенство, за одбојкари до 20 години. Македонската селекција денеска ќе игра против Романија во натпревар за пласман од 5 до 7 место.
Ова откако нашите млади одбојкари по двата порази (Србија и Грција) завршија како трети во својата група (А). Противникот Молдавија Молдавија беше последно пласиран во Б конкуренцијата.
Овој меч македонските одбојкари ќе мора да го добијат доколку сакаат да го избегнат последното место во конечниот пласман.
Имено, поразениот ќе биде седмо рангиран (последен), а победникот го очекува меч за 5.место и тоа против селекцијата на Албанија во петок (15 часот).
Денешниот меч Македонија – Молдавија ќе се игра во терминот од 15 часот.