Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринт трка што се возеше во рамките на германското Гранд при во шампионат во Мото ГП.

Шпанецот втора година по ред го освои спринтот на „Заксенринг“, каде минатата сезона славеше и на главната трка. За него ова беше и четврта спринт победа сезонава.

Најблиску до Мартин беше Мигел Оливеира, додека актуелниот шампион Франческо Бања на Дукати беше на третото скалило на подиумот.

Мартин беше најбрз и во квалификациите, па утре ќе старѕтва од пол-позицијата. Зад него во првиот ред ќе бидат Мигел Оливеира и Раул Фернандез, а Бањаја ќе почне од четвртата позиција.

Во пресрет на утрешната трка за големата награда на Германија која ќе почне од 14 часот, Мартин ја зголеми предноста во генералниот пласман. Сега Шпанецот има 212 бода, 15 повеќе од Бањаја, додека Марк Маркез е трет со 146.