Во Задар, заврпи 590тото Европско карате првенство.. Честа на Макеоднија ја одбрани младата Михаела Мишовска која го забележа својо најголемиот успех во кариерата.
Младата Михаела го освои сребрениот медал во својата категорија до -50 килограми. Таа во финалето беше поразена од домашната, хрватска каратистка Ема Сгардели 0-8 (0-1, 0-3, 0-4, 0-7, 0-8).
Тоа беше и единствениот медал за Македонија на овој Европски карате самит.
Блиску до одличје беше и Петар Заборски кој во дуелот за бронзениот медал загуби од Тијаго Дуарте од Португалија, ша на крајот го освои петтото место.
На шампионатот на кој настапуваа околу 500 натпреварувачи од 51 земја, Македонија беше претставувана со 14 каратисти.