Немилосрдна беше денешната ждрепка за Лигата на шампионите одржана во Нион.

Главните фаворити за шампионскиот трофеј, актуелниот првак Манчестер Сити и најтрофејниот тим во ова натпреварување, ќе ја завршат својата сезона во четвртфиналето.

Токму овие два тима ќе се сретнат во четвртфиналната рунда, па само еден од нив може да се надева на финалето во Лондон.

Во четвртфиналето нема да има дуели на екипи од иста земја, но тоа секако е можно за полуфиналната рунда и финалето на „Вембли“.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
АРСЕНАЛ – БАЕРН МИНХЕН
АТЛЕТИКО МАДРИД – БОРУСИЈА ДОРТМУНД
РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР СИТИ
ПСЖ – БАРСЕЛОНА

Можни двојки за полуфиналето:
Атлетико Мадрид / Борусија Дортмунд – ПСЖ / Барселона
Арсенал / Баерн Минхен – Реал Мадрид / Манчестер Сити

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9-ти и 10-ти, а реванш дуелите на 16 и 17 април.

Полуфиналните дуели на програмата се на 30 април и 1 мај, односно 7 и 8 мај.

Финалето на Лигата на шампионите сезонава ќе се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон во сабота на 1 јуни.