Фудбалерите на Интер остварија нова победа во Серија А со која сигурно чекорат кон освојување на шампионската титула.
Во натпревар од 25.коло, Интер пред своите симпатизери ја совлада Салернитана убедливо со 4-0.
Уште во водните 20-минути беше јасно дека „неро-азурите“ ќе ги освојат трите бодови. Тоа откако Турам (17.минута) го отвори резултатот, а две минути подоцна (19) Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0. До крајот на полувремето и Дамфрис се запиша во листата на стрелци (40).
Во вториот дел само еден го и тоа во судиското дополнение (90+1), а стрелец беше Арнаутовиќ за конечни 4-0 за Интер.
Интер сега има 63 бодови, десет повеќе од Јувентус, а единаесет од Милан кои се на второто и третото место.
Јуве утре гостува кај Верона, а Милан в недела кај Монца.