Во машката ракометна Супер лига останува само уште едно празно место за влез во плеј-оф конкуренцијата. Веќе се познати седум од осумте тима што ќе разигруваат за шампионската титула.

Последниот, осмиот, ќе го дознаеме денеска.

Имено денеска ќе се одиграат четири натпревари од последното 14-то коло, а уште по првиот во Скопје, може да го добиеме патникот во разигрувањето.

Во СЦ „Јане Сандански“ Вардар е домаќин на Голден Арт во дуел од Б групата. Вардарци секако важат за фаворити и ќе атакуваат на победа, за да го потврдат првото место, а со тоа да пренесат 3 бодови во следната фаза. Голден Арт пак ќе брка сензација и само со победа може да се пробие на четвртото место.

Но, и во таква ситуација тие ќе зависат од мечот меѓу Пролет и Бутел во кој на домаќинот доволен му е и бод да заврши како четврто рангиран.

Третиот меч од ова група се игра во Неготино каде на вардарци им гостува Мунти Есенс. Овој дуел е важен за двете екипи во настојување на освојување на бодовите и тоа кој колку и дали ќе пренесе во следната пеј-аут фаза.

Во конкуренцијата А, еден меч е на програмата, а во него Охрид е домаќин на аутсајдерот Скопје.

Последната рунда ќе биде комплетирана во сабота со дербито во Кавадарци меѓу Тиквеш и Алкалоид.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 14 КОЛО ПОСЛЕДНО
А ГРУПА
18.00 ОХРИД – СКОПЈЕ
Б ГРУПА
18.00 ВАРДАР – ГОЛДЕН АРТ
18.30 ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18.30 ВАРДАР Неготино – МУЛТИ ЕСЕНС

Standings provided by Sofascore
Standings provided by Sofascore