Нема веќе непоразени екипи во Првата женска кошаркарска лига. За тоа се погрижија се кошаркарките на МЗТ Скопје Аеродром кои славеа на гостувањето против Вардар со 67:60.

Клучна беше првата четвртина, во која гостинската екипа направи голема предност од (24:5).

Странското „трио“, Томас-Џефрис-Волнианска одработи најголем дел од задачите. Овие три кошаркарки искомбинираа вкупно 51 поен за победничката екипа.

По шест одиграни кола двете екипи се на ефект 5-1 (победи-порази), ист како и актуелниот шампион Баскет Кам.

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО
Пробаскет – Крива Паланка 70:54
Вардар – МЗТ Скопје Аеродром 60:67
Струга 2009 – Бадел 1862 44:69
Баскет Кам 2011 – Куманово-Гризли 85:70

ТАБЕЛА: Баскет Кам 11 бодови, Вардар 11, МЗТ Скопје Аеродром 11, Куманово-Гризли 9, Крива Паланка 8, Пробаскет 8, Бадел 8, Струга 6.