Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, пред натпреварот со Англија вели дека верува во себе и сака да ја сочува својата мрежа недопрена.
Тој исто така додаде дека со добра одбрана можеме да извлечеме позитивен резултат со репрезентација каква што е Англија.
„Се чувствувам многу добро и сум во добар ритам. Натпреварот со Реал Мадрид помина, одигравме еден одличен натпревар со фантастична дефанзива, но тоа го оставаме во Шпанија.
Фокусот е на Англија, а „клиншит“ за мене би било добра карактеристика.
Првиот натпревар во Манчестер заврши со убедлива разлика за противникот и се чувствувам многу лошо поради тоа.
Примаме голови за кои сме самите виновни бидејќи правиме грешките во одбраната. Но, ние сме една репрезентација со многу млади играчи и треба време да се запознаеме подобро“, истакна Столе.
Желбата за „клиншит“ на Столе против Англичаните ќе може да се исполни вечерва на арената „Тодор Проевски “.
Натпреварот Македонија и Англија ќе почне од 20:45 часот.