Вистински дебакл доживеа актуелниот шампион на Италија во Рим, када на гостувањето кај Лацио загубија со високи 0-4.
ИЗбраницте на Пиоли го одиграа најлошиот натпревар оваа сезона и беа целосно надиграни од „бјанкочелестите“ на Маурицио Сари, кои од самиот почеток влегоа со силно темпо и во текот на сите 90 минути имаа апсолутна доминација на теренот.
Капитенот на Лацио, Сергеј Милинковиќ Савиќ со гол во четвртата минута ја отвори голеадата на својот тим, за да Матија Закањи во 38-та минута ја зголеми предноста на 2-0, резултат со кој двата тима заминаа на пауза.
Лацијалите продолжија со силното темпо и во вториот дел, а сето тоа резултираше со пенал во 67 минута, кој го реализираше Луис Алберто. Со својот четврти гол на последните четири натпревари во сите натпреварување, Фелипе Андерсон, ги постави конечните 4-0 на натпреварот.