Тимот на Келн беше пред огромно изненадување во рамките на 17 коло во Германската Бундес Лига, откако до 89-тата минута имаше предност од 0-1 против апсолутниот фаворит Баерн Минхен.

Елис Схири уште во четвртата минута од натпреварот донесе предност за гостите од Келн. Избраниците на Баумгард цели 85 минути одолеваа на притисокот на домашните играчи, и кога се чинеше дека ќе заминат со целиот плен, Џошуа Кимих го расипа целосното славје на гостите па со гол во 89-тата минута, ги постави конечните 1-1.

Со овој нерешен резултат Баерн загуби два бода од својат предност во однос на Лајпциг, кои сега е на само четири бода негатива. Тимот на Келн пак со 21 бод е на средината на табелата.