Колумна: Нон-сенс е државата да се финансираат приватни клубови
Деновиве актуелно е укинувањето на така-наречениот спортски ваучер и начинот на кој државата би финансирала и помагала во спортот.
Ке биде воведен нов систем преку кој „спортскиот денар“ треба да остане кај спортистите. Идеи доаѓаат од сите страни.
Но, размислува ли некој која би била вистинската придобивка за Македонија како земја и нашето општество од тоа?
Која е целта на финансирањето? Кој се треба да добие пати, за што и како се трошат тие НАРОДНИ пари? На крајот, дали тоа навистина ќе донесе спортски резултати и успеси со кои сите Македонци би се гордееле!?
Еден од најдобро упатените во оваа проблематика секако е Проф. д-р Иван Анастасовски од Факултет за физичко образование, спорт и здравје, чија специјалност е спортското менаџирање.
Затоа и овојпат, СПОРТ+ побара мислење од професорот Анастасовски.
Пред одреден временски период од страна на Владата до Парламентот стигна предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за донoк на добивка и тоа по скратена постапка кој беше со европско знаменце, што искрено го ценам од аспект на тоа дека нашите даночни политики ги усогласуваме со европските даночни политики. Во овие измени во членот 5 на измените јасно и децидно се наведува дека членот 30а од постојниот Закон се брише а тој се однесува на т.е спортски ваучери, кои согласно до крајот на оваа 2023 година ќе може да се користат. Факт е дека досега надлежната институција Агенција за млади и спорт таа дистрибуција ја спроведуваше во доста „сомнителни“ околности до крајните корисници спортските субјекти (спортски федерации, спортски клубови и спортисти), а при тоа со тие финансии (јавни) се имаше за цел да се продуцираат нови спортски резултати од аспект на играта, но и нови спортски вредности (бидејќи станува збор за јавни финансии од нас даночните обврзници) со создавање на нови спортски презентери на државата во глобалниот спорт како што се Пандев, Антиќ, Лазаров, Љафтов или други спортски поединци. Но, тоа сепак е веќе тема зад нас, сега мора државата да размислува за нови модалитети на финансирање оти веќе ги научи спортските субјекти да чекаат пари од државната каса, а ова особено е поразително за професионалниот (врвен) спорт на кој му се потребни големи количини на финансии за да може да биде донекаде конкурентен со европскиот спорт (не говорам за повеќе). Затоа, во немање на јасна стратегија за идни спортски политики, најлесно е да импровизираме како што беше случајот со спортските ваучер каде преку ноќ нашата држава доби огромен број на нови спортски субјекти исклучиво од лукративни а не спортски мотиви. Но, ајде да гледам напред кога веќе клубовите ги навикнавте да земаат јавни пари и тоа на поголемиот дел од нив да им се основни и единствени извори на финансирање. Сега истите ќе вршат притисок за нов идентичен модел на финансирање каде спортските клубови без оглед дали се здруженија на граѓани или акционерско друштво (приватен) повторно да земаат од јавните финансии, што е во суштина е нон-сенс и се коси со европските спортски политики. Затоа најреално е за почеток кога веќе клубовите ги сакаат тие финансии тоа да оди преку Управата за јавни приходи кои пак ќе финансираат само на база на јасни и силни критериуми за строго наменски активности како на пример опрема, плати за сите кои се професионално ангажирани во клубот преку плаќање на придонеси, патувања и усовршувања на стручниот дел од тимот, итн. Или на крајот може да се размисли оти менаџментите на клубовите се уште се базираат на социјалистички филозофии на размислување, да се врати моделот пред спортските ваучери каде ние реално на клупско ниво ги постигнавме најголемите спортски резултати во ракомет, кошарка итн. Ако веќе државата сака да финансира професионален спорт (што е скапо) треба со нов Закон за спорт да ги насочи спортските клубови да се професионализираат (долго е за објаснување). На на компаниите да им дозволи од данокот кој го спомнав во текстот погоре да одлучат во кој спорт имаат најголем интерес да инвестираат и за тој процент државата да ги ослободи, а пак преку процесот на професионализација на клубовите ќе успее си го наплати повторно своето во државната каса. Според мене, најефикасно е државата и општините да инвестираат во спортска инфраструктура која е темел за квалитетен спорт како и во развојниот спорт преку субвенции за млади категории на општинско ниво. Проф. д-р Иван Анастасовски Универзитет Св. Кирил и Методиј, Факултет за физичко образование, спорт и здравје Претседател на Геостратешки Институт ГЛОБАЛ |