Селекторот Кирил Лазаров денеска го скрати списокот и ги објави имињата на оние кои утре со чартер лет ќе заминат за Полска.

На последниот рез на селекторот отпаднаа голманот Марко Кизиќ и левото крило  Цветан Кузманоски кој не беше ниту на Кроација Купот. На првенството во првиот дел ќе нема место ниту за  Давид Савревски како и Александар Петковски.

Лазаров ќе има право да направи измени. Во комбинација остануваат сите ракометари и доколку се појави потреба, ќе бидат дополнително повикани.

Во петок, Лазаров ќе треба да направи уште две измени со оглед на тоа дека  ќе треба да се одберат 16-те играчи за дуелот со Норвешка закажан за 13 јануари.

Списокот на патници за Краков, Полска, изгледа вака:

ГОЛМАНИ
Никола Митревски
Мартин Томовски

Леви крила:
Дејан Манасков
Петар Атанасијевиќ

Леви бекови:
Филип Талески
Иван Џонов
Михајло Младеновиќ

Средни бекови:
Филип Кузмановски
Игор Ѓоргиев
Павле Атанасијевиќ

Десни бекови:
Томислав Јагуриновски
Мартин Серафимов

Десно крило:
Гоце Георгиевски
Ненад Костески

Пикери:
Никола Маркоски
Жарко Пешевски
Марко Стојковиќ
Костадин Петров