Екипата на Ленс си го потврди директниот пласман во Лигата на шампионите. Со победа од 3:1 над Лориент, Ленс се одалечи на 5 бода од Марсеј на две кола до завршувањето на француската лига.
Во првото полувреме Лориент рано поведе со 1:0, по голот на Ромаим Фавре во 6.та минута. Ленс изедначи на 1:1 со голот на Флориан Сотока во 20.та минута. Адриен Томасон со неговиот гол во 25.та минута донесе водство од 2:1 за Ленс. Со тој резултат се замина на полувреме.
Во второто полувреме Ленс само ја запечати победата. Секо Фофана во 87.та минута постигна гол за 3:1 и со тоа го затвори и резултатот и натпреварот.
Ленс во моментов се на втората позиција во Лига 1 со 78 бода по 36 одиграни кола. Математички пласманот за европската елита е остварен бидејќи на исто толку одиграни натпревари Марсеј е трет со 73 бода.
Андреј Велјаноски