Кошаркарите на Мајами поведоа со 2:0 во победи, откако вторпат го совладаа Бостон на гостински терен, сега со 111:105 во финалето на Истокот Конференција на НБА лигата.
Натпреварот беше неизвесен до последните минути. Екипите наизменично се менуваа во водство, а потоа Мајами се „одлепи“ со поените на Џими Батлер и Бем Адебајо, а „Селтикси“ немаа репение како да ја надополнат негативата..
Најдобри кај Мајами беа Батлер со 27 поени, Кејлеб Мартин постигна 25, а на Адебајо му недостасуваше една асистенција да оствари трипл-дабл, завршувајќи го натпреварот со 22 поени, 17 скока и 9 асистенции.
Кај Бостон, Џејсон Тејтум постигна 34 поени, Џејлен Браун додаде 16, а Малколм Брогдон и Роберт Вилијамс по 13.
Сега „Хитс“ имаат голема можност да се пласираат во големото финале бидејќи на следните два натпревари домаќин ќе биде Мајами.