Со седумте одиграни натпревари вечерва, комплетирано е 5.коло во фудбалската Лига на шампиони. Внимание привлекоа резултатите на натпреварите во Франција каде ПСЖ одигра реми со Рома, а Лил со пресврт победа над Баерн.
На „Паркот на принцовите“ во Париз, ПСЖ и Рома одиграа возбудливо реми со резултат 2:2. Гостите од Рим одлично го отворија дуелот и поведоа веќе во петтата минута. Марио Ермосо ја затресе мрежата на домаќините по асистенција на Матијас Суле. Парижаните брзо ја презедоа иницијативата и доминираа во поседот на топката. Израмнувањето стигна во 31. минута, кога Илија Забарниј погоди на додавање на Сени Мајулу.
Во вториот дел видовме по еден пенал на двете страни. Усман Дембеле беше прецизен од белата точка во 62. минута за водство на ПСЖ од 2:1. Сепак, Рома не се предаде и успеа да освои вреден бод. Дониел Мален реализираше пенал во 78. минута и го постави конечниот резултат.

Вистинска драма се одигра на стадионот „Пјер Мороа“, каде што Лил со пресврт го совлада Баерн Минхен со 2:1.
Баварците поведоа први во 15. минута преку Дајот Упамекано, по асистенција на Том Бишоф. Германскиот гигант имаше предност на полувремето, но домаќините направија целосен пресврт за само три минути. Ајасе Уеда израмни во 62. минута по додавањето на Натан Нгој. Веќе во 65. минута Александар Павловиќ си постигна автогол и му донесе голем триумф на Лил.
Во останатите средби. Ливерпул оствари убедлива гостинска победа кај Клуб Бриж со 0:3.
Сигурни домашни триумфи со по два гола забележаа Атлетико Мадрид против Викинг и Интер против Штутгарт пред своите навивачи. Фенербахче славеше минимално со 0:1 кај Шахтјор, додека Спортинг и Манчестер Јунајтед во натпревар со пресврти одиграа без побендик.
Резултати:
САБАХ – БАРСЕЛОНА 1:4
СЛАВИЈА ПРАГА – ВИЉАРЕАЛ 0:1
АТЛЕТИКО МАДРИД – ВИКИНГ 2:0
КЛУБ БРИЖ – ЛИВЕРПУЛ 0:3
ИНТЕР – ШТУТГАРТ 2:0
ЛИЛ – БАЕРН МИНХЕН 2:1
ПСЖ – РОМА 2:2
ШАХТЈОР – ФЕНЕРБАХЧЕ 0:1
СПОРТИНГ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 2:2


































