Дерби дуелот од 11 коло во Супер лига, донесе интересен и борбен ракомет, во кој на победа се радуваше Алкалоид. Во натпреварот одигран во скопска Автокоманда, тимот на Алкалоид го совлада вицепрвакот Еурофарм Пелистер со 30:28.
Гостите од Битола подобро го отворија натпреварот и поведоа со 1:3 во четвртата минута. Но, потоа следуваа шест минути без постигнат гол и серија на Алкалоид од 4:0 за водство од 5:3. Битолчани успеаја да фатат приклучок и последен пат израмнија на 8:8 во 17. минута преку Андреј Видомски. Следуваше нов голем пад во играта на гостите во финишот на првиот дел. Еурофарм Пелистер не постигна гол цели девет минути, па Алкалоид на полувремето замина со највисоки четири гола предност (14:10).
На стартот на вториот дел домаќините го зголемија темпото и во 36.минута стигнаа до плус шест 19:13, а потоа и 20:14. Пелистерци во 52.минута ја преполовија негативата и намалија на 26:23. Но, немаа сили избраниците на Лино Червар докрај да ја анулираат неговата, па оние на Кирил Лазаров можеа да се радуваат на триумф.
Најефикасен во победничката екипа беше Никола Костески 7 (6/6 од 7м.), додека Игор Ѓоргиев и Нејц Цехте постигна по четири гола. Кај Е.Пелистер прв стрелец беше Филип Кузмановски со 7 погодоци, а Никола Митревски на голот имаше 11 одбрани и 1 гол, но залудно.
За битолчани ова беше вториот пораз сезонава по кој паднаа на четвртото место на табелата. Алкалоид пак ја впиша деветтата победа и се трети со 18 бодови. Пред нив се Вардар со 20 и Охрид на втората позиција со 19 бодови.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | И | гол +/- | Б |
|---|


































