Екипата ја Силекс не успеа да стигне до нова победа. Во натпреварот од 12 коло одигран во скопска Автокоманда, Силекс со последно пласираниот Скопје одигра без голови 0-0.
Иако кратовци постојано напаѓаа кон голот на домаќинот, сепак нивните напади беа јалови. Силекс имаше три идеални шанси. Две од нив, на Манојлов во седмата и на Тимовски во 36.минута завршија со одбрани на голманот Наумовски. Онаа на Шеро кој беше во 100% шанса, со атрактивен лизгачки стар, ја оневозможи Трајчевски.
По ист терк мина и второто полувреме. Гостите постојано притискаа кон голот на Скопје, а домаќините се обидуваа преку контри да го загрозат голот на Џеков.
Со освоениот бодо, а вкупно 17, Силекс останува на петата позиција на табелата, а Скопје е последен и ќе почека на прва победа.
Од оваа прволигашка рунда остануваат уште два натпревари. Во 14 часот полна дербито меѓу Вардар и Струга Т.Л., а во истиот термин се игра и дуелот Башкими – Аресими.






























