Три натпревари носи денешната програма од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига. Целото внимание ќе биде насочено кон дербито меѓу шампионот Вардар и екипата на Струга Трим Лум.
Пресметката во Скопје започнува во 14:00 часот, а влогот за двата ривали е огромен. Победата им е неопходна на двата тима, за да останат во активна трка по водечката Шкендија од Тетово. Тетовци вчера славеа во Штип против Брегалница со 2:1 и сега се осамени на врвот со 27 бода. Струга Трим Лум го држи второто место со 23 бода и со триумф би дошла на само бод негатива. Вардар е четврти со 21 бод и на домашен терен бара реванш за августовскиот пораз во Струга од 1:0.
Во истиот термин (14 часот) во Куманово ќе стартува и директниот дуел за опстанок меѓу Башкими и Арсими. Домаќинот е претпоследен со седум бода, додека гостите од Чегране се на осмата позиција со десет бода. Прволигашката понуда денеска порано ја отвораат екипите на Скопје и Силекс со дуелот во Автокоманда од 12:00 часот. Кратовци се петти на табелата со 16 бода, додека последнопласираното Скопје има само три бода и сè уште чека прва радост.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























