Со натпреварот одигран вечерва во Битола, комплетирано е 7.коло во машката ракометна Супер лига. Таму младиот тим на Еурофарм Пелистер 2 остварија многу важна победа над Тиквеш со 34:27.

Битолчани прикажаа далеку поквалитетна игра во сите сегменти на теренот. Домаќините доминираа со цврста одбрана, брз напад и огромна желба за триумф. Tие доминираа во текот на целиот натпревар и заслужено ги освоија бодовите против гостите од Кавадарци.

Зелено-белите фуриозно го отворија дуелот и за само шест минути игра создадоа висока предност од 4:0. Избраниците на Бранко Ангеловски продолжија во ист ритам, зголемувајќи ја разликата на 10:4. Ова силно темпо им овозможи на битолчани да заминат на пауза со удобна позитива од 17:10.

Второто полувреме донесе нешто поизедначена игра, но составот на Тиквеш немаше сили за резултатски пресврт. Највисоката предност домашниот тим ја достигна во 36.минута кога семафорот покажуваше 20:11. Гостите до крајот само успеаја благо да го ублажат поразот за конечни 34:27.

Давид Димевски одигра брилијантен натпревар за победничкиот тим и постигна дури девет погодоци од десет обиди. Огромна поддршка во нападот пружи Кристијан Симоновски кој седум пати беше прецизен во противничката мрежа. Во редовите на поразениот тим најмногу се истакна Тоше Ончев со осум реализирани удари кон голот.

Овие бодови се исклучително важни во трка за местата кои водат во суперлигашкиот плејоф. Пелистер 2 и Тиквеш сега се израмнети со по седум бода на првенствената табела. Големата битка за плејофот продолжува заедно со петтопласираниот Прилеп кој има осум бода. Овие екипи се борат за две позиции зад „недопирливата“ водечка четворка. Вардар, Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид се веќе сигурни на врвот.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б