Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска во Скопје официјално го одржа првиот собир во пресрет на Европското првенство 2026 година. Нашите најдобри ракометарки се сретнаа во хотелот „Three Corner“ и ги означија првите чекори кон претстојните големи репрезентативни предизвици.
​

Главниот тест пред континенталниот собир македонските ракометарки ќе го имаат на силниот меѓународен турнир во Турција од 27 до 29 ноември.

Црвено-жолтите турнирот ќе го отворат на 27 ноември против Финска со почеток во 18:45 часот. Веќе следниот ден, на 28 ноември од 16:30 часот, Македонија ќе ги одмери силите со селекцијата на Италија. Настапот на турнирот ќе го заокружат на 29 ноември во дуел против домаќинот Турција, исто така од 18:45 часот.

Овие мечеви ќе бидат вистински тест за ракометарките во борбата за што подостојно претставување на македонскиот ракомет во Европа.

По завршувањето на контролните натпревари во Турција, македонската експедиција директно патува за Клуж-Напока во Романија на ЕХФ ЕУРО 2026. Во силната групна фаза, нашата репрезентација ќе се соочи со селекциите на Швајцарија, Романија и Норвешка. Европскиот шампионат.

Македонија ќе го започне на 4 декември против Швајцарија, натпревар кој носи исклучително значење за пласманот. Вториот дуел е закажан на 6 декември против домаќинот Романија, додека на 8 декември следи пресметката со фаворитот Норвешка.
​