Екипата на Силекс ја прекина низата од шест натпревари без победа. На денешното гостување во Куманово кај Башкими, а во натпревар од 10.коло на Првата лига, Кратовци славеа со 0-3.
Интересен дуел понудија фудбалерите на обете екипи. Гостите ги искористија своите шанси и повеќе од тоа, па прикмужија важни бодови.
Веќе во 13.минута Силекс го отвори резултатот. По акцијата од левата страна, заспаноста на домашната одбрана во нивниот шеснаесетник ја казни Босанецот, Шеро .
Иако домашниот тим во продолжението се обидуваше да ја анулира негативата, обидите на кумановци беа јалови. Резултатот на полувремето остана не променет, 0-1 за Силекс.

По само три минути игра во вториот дел, гостите од Кратово ја усвоија предноста.
Неверојатен, и ретко виден гол на домашните терени, постигна Ефтимов за 0-2. Повеќе во да нафрли отколку да бие кон противничкиот гол, Ефтимов го изненади домашниот голман Алију.
Фудбалерите на Башкими успеаја да ја затресат мрежата на Џеков, но тој гол беше поништен поради офсајд.
И кога сите очекуваат крај на натпреварот во втората минута од судиското дополнение, Мишов ги постави конечните 0-3 Силекс.
Покрај овој натпревар, денеска се игра уште еден. Во Автокоманда, фенерџијата Скопје ја пречекува тетовска Шкендија.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|






























